Велес од денеска и официјално е прволигашки град. Градот чекаше цели 18 години и конечно денеска дочека. Борец е прволигаш, веднаш по мечот со Брегалница се славеше и тоа еуфорично. Славеа сите во клубот, славеше градот а славеа и навивачите Гемиџии. Спортмедиа сака само да додаде едно големо БРАВО за најдобриот клуб сезонава во Втората Лига – Исток.

МИХАЈЛОВ: ПОКАЖАВМЕ НА ТЕРЕН…

Еден од главните „виновници“ за овој успех секако дека е тренерот Горазд Михајлов кој специјално за СПОРМЕДИА истакна:

„Целта е остварена, мисиијата е успешна. Се разбира дека сум среќен за пласманот во Првата лига. Му благодарам на спонзорот, на играчите, потоа на моите соработници Темелков и Манев, на навивачите. А да им порачам на некои кои преку социјалните мрежи најавуваа сигурен пласман на нивните екипи во Првата лига дека не е доволно само да се сликаш, туку треба и нешто повеќе од тоа. Едноставно ние покажавме на терен, а не преку фејсбук“ ни изјави Михајлов.