Денеска од 11:30 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одигра пријателски натпревар меѓу ветераните на Балкан Стококомерц и Борец. Тоа ќе биде возвратен меч ако се знае дека пред извесно време истите екипи играа и во Велес. Мечот се игра во организација на Општинскиот фудбалски сојуз на Гази Баба.

Се очекува да настапат познати играчи кои некогаш го носеле дресот на овие две екипи. За Балкан Стококомерц ќе играат покрај другите и Зекири, Сурлов, Михајлов, Рафески, Александровски, Станковски, Хајдари, Салихи, Спасовски, Трновски, Петковски, Кускински, Франнц, Димовски, другиот Салихи. Тренери ќе бидат Алексо Мацков и Боби Марковски, инаку оваа екипа пред 20 и повеќе години беше една од најдобрите во Првата лига на Македонија. За Борец пак покрај другите ќе настапат и Илче Боров, Панче Ќумбев, Темелков и други поранешни фудбалери на велешкиот клуб.