Сите го гледаа Вардар како го крева куп-пехарот на Ф4 во Куманово во Купот на Македонија, а тие го „срушија“ фаворитот во пенал-рулетот. Одиграа машки, со срце, со желба… Дадоа се од себе во второто полувреме и не се откажаа кога беше најтешко и најважно. Какво враќање на „отпишаните“!

Шеста куп-титула за „металурзите“ за неизмерна радост и за ставање на крај на вардаровата доминација.