Лабуништа денеска оствари историски успех, го совлада Скопје со 2:1 и со тоа успеа да го завери второто место во Втората Лига – Запад, па така ќе игра бараж за пласман во Првата лига. Головите за Лабуништа беа дело на Далчески и Лескароски, додека почесниот гол за „пиратите“ го постигна Јовановски во финишот на мечот. Струга Трим Лум на првиот свој натпревар како официјален прволигаш одигра нерешено без голови против составот на Гостивар.

Пелистер пак загуби на гости во Дебар, од составот на Кораби со 1:0, голот беше дело на Муча. Во Кичево Влазерими и Генч Калемлер одиграа без победник 1:1, додека Тетекс извојува важна победа над Гоблен на гости и тоа со 2:0.

РЕЗУЛТАТИ 25. КОЛО

ВЛАЗЕРИМИ – ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР     1:1

ЛАБУНИШТА – СКОПЈЕ       2:1

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ГОСТИВАР     0:0

ГОБЛЕН – ТЕТЕКС        0:2

КОРАБИ – ПЕЛИСТЕР     1:0

#КЛУБОПОБ.НЕР.ПОР.ДГПГБОД
1Струга ТЛ251492361553
2Лабуништа2511104211943
3Гостивар251078363337
4Пелистер25988212035
5Скопје25979302234
6Влазерими 77259610283033
7Кораби259511282832
8Тетекс258512232929
9Генч Калемлер256811243126
10Гоблен Ј.254912153521