Чуварот на мрежата на Металург, Даниел Дупјачанец беше еден од главните виновници за големата победа на Металург над Вардар во финалето од Купот на Македонија, а заслужено беше именуван и за најдобар голман на Ф4.

По освојувањето на шестата куп-титула на Металург, тој пехарот го посвети на сите оние кои веруваа во тимот.

„Финалето го почнавме лошо, можеби во грч поради квалитетот на противникот, најверојатно ги преценивме. На полувремето се договоривме да одиграме тимски, дека немаме што да загубиме и да тоа резултираше со одлично враќање во игра, каде прво извлековме реми, а потоа и победа. Емоциите се измешани во моментов! Честитки до сите кои стојат зад нас и веруваа во нас, а најмногу до оние кои се на теренот – играчите и стручниот штаб. За мене ова е одлично враќање по повредата“, изјави Дупјачанец.