Љубителите на Формула 1 викендов уживаат во трката за Големата награда на Шпанија, а на првиот тренинг се случи интересна ситуација. Единствениот Шпанец кој ќе настапува утре е Карлос Сајнц од Мекларен. Тој возеше на патеката во Каталонија кога од неговиот тим му се јавија преку радиото и не знаеја како да му се обратат, всушност го погрешија неговото име.

„Дарен… Том е тука…“, на што се насмеал и Сајнц и му вратил.

„Здраво Том, тука е Дарен“.

Како успеаја да си го погрешат возачот само тие знаат. Другиот возач на Мекларен е Ландо Норис. Од каде Дарен?