Навивачите на Сараево и Железничар денеска имале сериозен конфликт на 50-тина километри од Сараево. Како што објавија неколку портали од БиХ, инцидентот се случил откако навивачите на Сараево налетале на расипан автобус со кој се превезувале навивачите на Железничар.

Лутите градски ривали почнале меѓусебни препирки, по што некои од членовите на „Хорде Зла“ успеале да украдат тапан од „Манијаците“ на Железничар. Во тепачките кои следувале се користени и дрвени палки, камења, и буквално се што им се нашло при рака.

Оштетени се и автобусите, како и едно полициско возило. Неколку навивачи се сериозно повредени, а има и многу приведени во полициска станица.