Ракометарот на Металург, Марио Танкоски е избран за МВП на Ф4 турнирот во Купот на Македонија во машка конкуренција. Танкоски беше играчот кој го постигна победничкиот гол за „металурзите“ во пенал-серијата во финалето со Вардар и стави крај на вардаровата доминација во ова натпреварување.

Индивидуалните награди комплетно заминаа во рацете на ракометарите од Автокоманда, па така Даниел Дупјачанец беше именуван за најдобар голман, додека Александер Шпенде и Томислав Јагуриновски ја „поделија“ наградата за најдобар стрелец.