Во малку видоизменет формат од планираното, денеска се одигра турнир на ветераните на кој победник беше екипата на ОФС Гази Баба која во финалето славеше над Борец по изведување на пеналите. Во регуларниот дел беше 1:1. На турнирот учестуваа и екипите на Балкан Стококомерц и ОФС Гази Баба 2 во која играа ветерани од повеќе клубови. Тоа беше убаво фудбалско претпладне, убаво фудбалско дружење и потсетување на убавите денови на некогашните играчи кои настапуваа во нашата Прва лига, а дел од нив беа и стандардни репрезентативци на Македонија.