Тренерот на Вардар, Роберто Парондо беше незадоволен по поразот на неговите избраници во финалето на Купот на Македонија, во кое „црвено-црните“ по пет години останаа без пехар.

„Металург го сакаше повеќе трофејот од нас. Во првиот дел бевме добри, но во второто полувреме како да не бевме со главите во мечот. Металург е млад тим и повеќе ја заслужи и ја сакаше оваа победа од нас“, кусо прокоментира Роберто Парондо.