Многумина сметаат дека токму Кутињо е една од причините за поразите оваа сезона, па нема да биде чудно ако на крајот биде продаден.

Во Барселона дојде од Ливерпул, и тоа како големо засилување, но покажа мал дел од својот талент. Каталонците имаат уште една причина поради која сакаат да се го решат Кутињо, секако таа е од економска природа.

Доколку челниците на клубот успеа да го продадат ова лето ќе заштедат 25 милиони евра, поради разните клузули во договорот.

Кутињо до сега запиша 74 настапи во дресот на Барселона, па шансите дека ќе стигне до јубилејниот 100-ти настап речиси и непостојат.