Ремито меѓу Лајпциг и Баерн (0:0) и победата на Борусија Дортмунд над Фортуна Дизелдорф со 3:2 co 33.коло во најсилната германска лига значи дека битката за „салатарата“ ќе се решава во последното коло. Тоа се случува првпат по сезоната 2009/10.

Баерн имаше добра шанса да го победи Лајпциг и веќе да ја прослави победата и првото место но голот во второто полувреме му беше поништен со помош на ВАР. Така кај Борусија остана надеж во последното коло да го претекне големиот конкурент и да ја грабне шампионската титула.

Баерн има два бода предност во однос на Дортмунд на коло до крајот.

„Баварците“ ќе ја освојат седмата титула по ред во Бундеслигата токолку избегнат пораз од Ајнтрахт во последното коло. Борусија Дортмунд ќе игра против Борусија Менхенгладбах.

Рековме во сезоната 2009/10 последен  пат титулата во Германија се решавала во последното, 34.коло. Тогаш Баерн влегол со три поени предност во однос на вториот Шалке. „Баварците“ ја победиле Херта, а Шалке одиграл без голови со Мајнг и така пехарот завршил во витрините на минхенскиот гигант.