Во Баерн сигурно не се пресреќни поради тоа што во претпоследното коло му гостуваат на РБ Лајпциг. Точно дека поради предноста од четири бода над второпласираниот Дортмунд можат да си дозволат и пораз, но првенството го завршуваат на „Алијанц арена“ против Ајнтрахт кој се бори за Лигата на шампионите и е кадарен да му направи штета на бранителот на титулата.

„Биковите“ и „Баварците“ ќе се соочат меѓу себе и на 25. мај во финалето на Купот, а овој дуел е значаен за стекнување на психолошка предност. Кога сме веќе кај психологијата, домашните на тој план се далеку пред ривалот: серијата без пораз во Бундес им е подолга за два натпревари (14 наспроти 12), а осигуратаната трета позиција им симна голем терет од плеќите во вид да мораат да победат, а кога се така опуштени избраниците на Ралф Рагник се исклучително опасни.

Двете екипи имаат голем напаѓачки потенцијал, што ветува ГГ3+, а вреди да се размисли и за КМБ 1&ГГ.

Ова се другите предлози на MOZZART за саботните пресметки ширум Европа:

ИТАЛИЈА 1

АТАЛАНТА – ЏЕНОВА

Со победата над Лацио во Рим фудбалерите на Аталанта направија две одлични работи за себе. Прво, направија уште еден чекор кон пласманот во ЛШ, а второ, дополнително ја кренаа самодовербата пред финалето на Купот со истиот ривал. Ова е единица.

КАЉАРИ – ЛАЦИО

Каљари е во серија на натпревари со тешки противници, но навреме собра доволно бодови, па не е во паника. Лацио повторно ги разочара навивачите, за пласман во ЛШ му е потребно чудо, но знае со тимот од Сардинија. Гаѓајте двојка.

ФИОРЕНТИНА – МИЛАН
Фиорентина во моментов е во најлоша форма во лигата, дури и несреќниот Киево освои повеќе бодови во последните шест кола. Домашните не знаат за победа од средината на февруари, а тоа Милан би можел да го искористи иако игра променливо.

ФРАНЦИЈА 1

АНЖЕ – ПСЖ

Пред мечот со Ница тренерот на ПСЖ Томас Тухел призна дека ниту тој, ниту неговите играчи веќе немаат никакви мотиви. Слично е и со Анже кој си избори опстанок и е спокоен, па затоа избегнете исход и побарајте ГГ или 1+I&1+II.

НИМ – МОНАКО

Монако лесно може да заврши во плеј-аутот и тој терет го притиска подолго време. Ним е без грижи и игра за своја душа, без гард и тактизирање. Кецот има одлична квота, но се определуваме за нешто посигурно: 1Х, ГГ и нивна комбинација.

ГЕРМАНИЈА 1

ЛЕВЕРКУЗЕН – ШАЛКЕ

Шалке прво го шокира најголемиот ривал Дортмунд, а потоа одигра 0:0 со Аугзбург и обезбеди опстанок – тоа е супер со оглед на се што помина сезонава. Леверкузен сака во ЛШ, формата му е на високо ниво, па ефикасна единица е реална.

ДОРТМУНД – ФОРТУНА Д.

Фортуна игра за душа и Дортмунд нема лесно да дојде до потребните бодови, посебно што ќе игра без суспендираниот капитен и најдобар играч Марко Ројс. Во тој контекст ГГ3+ и ГГIvГГII е реално исто колку и 1&3+ и 1&ГГ. Изберете.

ХОФЕНХАЈМ – ВЕРДЕР

Вердер никогаш не му лежел на Хофенхајм. Но, ТСГ последните години го подобри скорот со екипата од северот и уште е во комбинација за ЛШ, затоа е и фаворит во мечот кој би требало да изобилува со голови на двете страни и во двете полувремиња.

ПОРТУГАЛИЈА 1

БОАВИСТА – БРАГА

Боависта обезбеди опстанок со убедливата победа над Сетубал. И Брага веќе се опушти, а бидејќи е поквалитетна од домаќинот можете да пробате двојка, а ако се сомневате тогаш гаѓајте КМБ 1+I&1+II.

СПОРТИНГ – ТОНДЕЛА

Спортинг е во одлична форма, а Тондела во сериозни проблеми. „Лавовите“ не можат до титулата, но математички и понатаму имаат шанси за пласман во Лигата на шампионите. Иако овој ривал ги победи во јануари (2:1), сега воопшто не се сомневаме во домаќините.