Син грб на дресот на „Редси“. По се изгледа така ќе изгледа дресот на Ливерпул во новата сезона, што наиде на огорченост на фановите на клубот од „Енфилд“, инаку финалист во Лигата на Шампионите.

Некои портали во Англија „открија“ како ќе изгледа дресот на Ливерпул за 2019/2020 кога овој тим ќе гостува. Дресот изгледа убаво, но проблем прави грбот на клубот кој секогаш е црвен, а тој сега е планиран да биде во сина боја. Нешто што фановите на Ливерпул секако дека не го сакаат, посебно ако се знае дека „синиот“ дел на градот Ливерпул, е оној на Евертон. Социјалните мрежи на кои се фановите на “Редси“ вријат со пораки од навивачите.