Ракометарката на ЖРК Куманово, Мила Трајковиќ, која ја запечати победата на својот тим во финалето со Вардар (24:22) е избрана за најкорисен играч во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Трајковиќ со шест погодоци го заврши финалето, од кои, последниот седмерецот во последните секунди од натпреварот беше за големо славје на нејзиниот тим.

За најдобар стрелец на Купот е прогласена ракометарката на Куманово, Ана Шарановиќ, која постигна вкупно 16 погодоци на Ф4 (9 во полуфиналето со Металург и 7 во финалето со Вардар).

Чуварот на мрежата на „црвено-црните“ Симона Грујовска, пак, беше именувана за најдобар голман.