Валтери Ботас, возачот на  „Мерцедес“, беше најбрз на квалификациите за ГН на Шпанија, на патеката Каталуња. Со тоа тој ќе стартува прв на утрешната трка која започнува во 15 часот. Ботас во текот на целиот викенд беше одличен, па останува својата добра форма да ја поврди кога е најпотребно, на самата трка. Зад него, како втор квалификациите ги заврши Луис Хамилтон, светскиот првак и совозач на Ботас од „Мерцедес“. Трет пак ќе стартува Себастијан Фетел од Ферари. Ова е шанса за уште една 1-2 победа за моќниот болид на “Мерцедес“.