Фудбалерите на Ајнтрахт (Ф) доживеаја нов пораз во Бундеслигата и со тоа на коло пред крајот на сезоната останаа надвор од групата на екипи кои следната сезона ќе настапуваат во Лигата на шампионите. Во клучниот меч за нив за да се најдат во ТОП 4 на табелата, дозволија да загубат дома од екипата на Мајнц со 2:0 во меч кој за гостите, практично, немаше никакво резултатско значење.

Мајнц и без разлика на трите бода останува далеку од зоната за испаѓање, додека момците од Франкфурт пропуштија со овие три бода да ја симнат Борусија (М) од 4. место на табелата. Головите за Мајнц ги постигна Уџа во 53. и 57. минута.