Фудбалерите на Ливерпул направија се што е во нивна моќ да стигнат до титулата, но никако не можеа од плеќи да го тргнат Манчестер Сити. Титулата замина кај „Граѓаните“ кои сезоната ја завршија со четири порази и 98 бодови. Ливерпул освои 97 и имаше само еден пораз. Сепак повеќето нерешени резултати во однос на Сити беа пресудни.

Ливерпул го завршија првенството со 30 победи, седум нерешени и еден пораз. Низ историјата на топ 5 шампионатите во Европа ретко се случувало тимот кој имал еден пораз во сезоната да остане без шампионската титула.

Ист таков болен пораз доживеал Торино во сезоната 1976/77. Тогаш „биковите“ имале само еден пораз, но не биле шампиони – титулата заминала кај Јувентус.

Интересно, две години подоцна Перуџа немала ниту еден пораз но не била шампион. Подобро пласиран бил Милан кој имал три порази.

Еднаш тоа се случило и во Шпанија, Реал Сосиедад во сезоната 1979/80 имал само еден пораз, а титулата завршила во витрините на Реал Мадрид кој освоил еден бод повеќе.