Во пресрет на денешниот натпревар (16 часот) меѓу Брајтон и Манчестер Сити на кој „граѓаните“ имаат шанса да станат првата екипа во Премиерлигата која по една деценија ја одбранила титулата, Пеп Гвардиола, поставил една забрана – никој на клупата на Сити не смее да го знае резултатот од мечот во Ливерпул.

А, Ливерпул, пак, во исто време пред својата публика се соочуваа со Волверхамптон и доколку Манчестер Сити доживее било каков кикс, тогаш Клоп и момците ќе го превземат првото место на табелата.

„Беше многу јасен на состанокот и кажа дека не сака да знае што се случува на мечот во Ливерпул. Сака сите да се концентрираат на дуелот со Брајтон и дека е забрането да се зборува за Ливерпул. Го почитува Ливерпул, но свесен е дека титулата е во рацете на неговиот тим и не сака никаква деконцентрација на патот до победата. Забрането е и користење на мобилни телефони на клупата“ – велат извори од клубот.