Конечно малку „романтика“ на Арената, конечно навистина добра, квалитетна игра на Работнички и триумф по цели шест месеци на свој терен. Совладана е Македонија ЃП со 2:0, а за самиот меч свој коментар има Дејан Блажевски, кој беше еден од најдобрите на теренот…

„Бевме под неверојатен притисок, се знае и зошто. Не смеевме ни да помислиме на ништо друго освен на трите бода. Работнички покажа дека не заборавил да игра фудбал и тоа добар фудбал. Мислам дека сега се отвараат вратите и кон тоа 4. место, само треба да играме на последните два меча како на денешниот. Јас сум задоволен и од играта а пред се од резултатот. Многу важна, многу голема победа за нас“ изјави Блажевски.