РК Металург синоќа во финалето на Купот на Македонија направи сензација, успеа по подобро изведување на седмерците да го совлада големиот фаворит Вардар. Ова наиде на воодушевување на сите во клубот од Автокоманда, каде што некои работи се поместуваат на подобро откако на чело дојде амбициозната Зорица Блажевска, која на својот инстаграм профил напиша…

„Да освоиш Куп на Македонија, значи дека си прескокнал мал милион пречки на трнлив пат, дека си се борел на повеќе полиња, но чесно, мудро, спортски. Горда на своите момчиња, на својот колектив, на луѓето кои ни беа ветар во грб. Оваа победа им ја посветуваме на тие што веруваа во нас!“.