Осум натпревари по ред без домашна победа, пет меча по ред со само освоен еден бод, од тим кој се најавуваше дека ќе биде најмалку трет, до тим кој во пресрет на последните три кола кој и тоа како ќе стравува за опстанокот. Секако дека тука мислиме на Работнички.

Во клубот се запалени црвените светла, нема дилеми дека денешниот меч против Македонија ЃП ќе биде еден од најважните, ако не е најважен во последно време за „романтичарите“. Токму затоа мотивите кај нив се големи, многу големи.

Решени се играчите денеска да слават, да ја прекинат таа фрапантна црна серија. Баже, Мики, Хера, Ристе и останатите „деца“ на клубот, но и другите многу добро знаат што треба да се стори денеска од 16:30 часот на Арената „Тоше Проески“. Ќе треба да одиграат најдобро што знаат. Време е…