Лабуништа, екипата од истоименото село во струшко, вчера испиша историја. Имено успеа и официјално, на две кола до крајот, да го освои тоа второ место во Втората лига – запад. И тоа во конкуренција на Пелистер, Скопје, Гостивар, Влазерими, Тетекс, клубови кои некогаш имаа важна улога и во Првата лига.

Радоста е голема во Лабуништа, успехот е голем, но овој клуб посакува сега нова сензација. Велат дека се ќе сторат во рамките на своите можности да го минат и двојниот бараж и со тоа да се пласираат во Првата лига. Прво ќе треба да ја минат второлигашката пречка, Тиквеш или Кожув, за да на крај им стои како препрека и осмопласираниот тим од ПМФЛ. Можеме само да претпоставиме каква ќе биде радоста ако Лабуништа евентуално влезе во ПМФЛ.