Српскиот тенисер умешно одговори на прашањето на еден шпански новинар за тоа зошто носи црвена маица. И тоа во  пресрет на решавачкото коло во Премиер лигата а и во пресрет на финалето на Мастерсот во Мадрид. Прашањето беше дали Новак е фан на Ливерпул по пласманот на „црвените“ во финалето во ЛШ и сака титула на тимот од „Енфилд“ во Премиер лигата, па затоа носи црвена маица.

Одговорот на Новак Ѓоковиќ беше следниот…

„Ма каков Ливерпул, јас сум за Црвена Звезда“. Инаку пополаднево во 18:30 часот, Ѓоковиќ ќе се сретне против Гркот Стефанос Циципас во финалето на Мастерсот во Мадрид.