Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е победник на денешната трка за Големата награда на Шпанија на патеката во Каталонија. Второто место му припадна на тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, со што тимот на Мерцедес дојде до петтата последователна „еден-два“ победа, а Хамилтон се врати на врвот на генералниот пласман.

Благодарение на оваа победа, Британецот го презеде лидерското место во генералниот пласман со 112 бода. Неговиот тимски колега, Ботас е зад него со седум бода помалку. Тројката водечки во генералниот пласман ја заокружува пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој има 46 бода помалку од лидерот.

1. Луис Хамилтон (Мерцедес) 
2. Валтери Ботас (Мерцедес) +4.074
3. Макс Верстапен (Ред Бул) +7.679
4. Себастијан Фетел (Ферари) +9.167
5. Чарлс Леклер (Ферари) +13.361
6. Пјер Гесли (Ред Бул) +19.576
7. Кевин Магнусен (Хас) +28.159
8. Карлос Саинц (Мекларен) +32.342
9. Даниел Квајт(Торо Росо) +33.056
10. Ромен Грожан (Хас) +34.641