Илија Несторовски вчера постигна гол, одигра одлично додека беше на теренот во дресот на Палермо против Цитадела. Потоа следуваше шок за сите на стадионот „Енцо Барбера“, посебно за домашниот тренер Делио Роси, а најмногу за нашиот селектор Игор Ангеловски. Нестор ја обнови повредата на листот и мораше предвреме да го напушти теренот.

Дознаваме дека утре ќе следуваат деталните лекарски прегледи и ќе биде познато дали и колку ќе паузира капитенот на Палермо. Секако дека нас најмногу не интересира дали еден од нашите најдобри фудбалери ќе може да игра за Македонија во јунскиот квалификациски циклус против Полска и Австрија.