Денеска на програмата е комплетното последно коло во англиската Премиер лига во кое ќе се решава шампионот. Дали тоа ќе биде Манчестер Сити, бранителот на титулата или пак Ливерпул по подолго време ќе седне на тронот во Англија. Ливерпул веќе направи едно чудо во Лигата на шампионите, а се надева дека и денеска ќе биде така со своја победа над Вулверхемптон, а кикс на Сити против Брајтон.

Освен во Англија и во Холандија веројатно ќе го добиеме шампионот. Ајакс со победа над Утрехт ќе го крене трофејот.

 

АНГЛИЈА 1 – Последно коло

ФУЛАМ – ЊУКАСЛ

Њукасл во претходното коло ги измачи и фудбалерите, и навивачите на Ливерпул, а сега ќе игра против екипа која одамна се прости од елитата, но која дури сега заигра како што треба. Единицата не е нереална, но не очекувајте повеќе од два гола.

ЛЕСТЕР – ЧЕЛСИ

Челси обезбеди пласман во Лигата на шампионите и последниот натпревар во првенството може да го одигра опуштено, посебно доколку во четвртокот обезбедил финале (а Сари сигурно ќе одмара некои играчи). Ризикувајте со единица или гаѓајте ГГ.

МАН.ЈУНАЈТЕД – КАРДИФ

Четири кола без победа, дополнително „украсена“ со реми против одамна елиминираниот Хадерсфилд го доведоа Манчестер Јунајтед без пласман во Лигата на шампионите. Кардиф се враќа во Чемпионшип, па нашиот избор е единица која мора да дојде со 3+.

ВОТФОРД – ВЕСТ ХЕМ
Овој меч резултатски не е важен ни на едните ни на другите, но за домаќинот може да претставува загревање за финалето на ФА купот идната недела. Не очекуваме да запнуваат, но психолошки им е важно да победат. Сметаме и на ГГ.

ХОЛАНДИЈА 1

АЈАКС – УТРЕХТ

Без разлика што направил Ајакс во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, ќе атакува на победа против Утрехт која ќе им ја донесе шампионската титула во Холандија. Единицата комбинирајте ја со 4+ или со ГГ.

ФЕЕНОРД – ДЕН ХАГ

Како се ближи крајот на сезоната, така и едните и другите играат се подобро, но недостатокот на натпреварувачки набој укажува на интересен меч во кој двете екипи ќе бараат гол повеќе. Опциите се КМБ 1&4+ и 1+I&2+II.

ХЕРАКЛЕС – ЕКСЦЕЛЗИОР

Ексцелзиор три месеци не знае за победа, а во тој период освои два од можните 30 бодови. Од тука и стравот од испаѓање, со тоа што пореално е да заврши во плеј-аутот. Хераклес е на чекор до доигрувањето, па ефикасна единица е посигурна опција.

ВИТЕСЕ – ДЕ ГРАФШАП

Сезонава само Ајакс победил во Арнем, па така победа на една од најлошите гостински екипи во лигата би била вистинска сензација. Сепак, желбата на Де Графшап е да избегне плеј-аут и дарежливоста на одбраната на Витесе би можела да донесе КМБ 1&ГГ.

ГЕРМАНИЈА 1

АЈНТРАХТ Ф. – МАЈНЦ

Ајнтрахт минатата недела доживеа фијаско во Леверкузен (1:6), па наспроти себе да имаше посериозен противник добро би размислиле за кецот. Вака би требало да се обложите на „орлите“ кои исто така бараат место во ЛШ. Мајнц остана во елитата, а врза седум порази во гости.

ГЕРМАНИЈА 2

КЕЛН – ЈАН РЕГЕНЗБУРГ

Келн во понеделникот со триумфот над Гројтер од 4:0 избори промоција во Бундес лигата. Затоа финишот на првенството ќе го одигра без оптоварување, а може да заиграат и дел од резервните играчи или младинци. И гостите се опуштени, па ова е идеално за ГГ3+.

ИНГОЛШТАТ – ДАРМШТАТ

Инголштат се разбуди на почетокот на април (четири победи и реми). Но дали задоцни? Ќе видиме, домашните имаат два бода повеќе од претпоследниот Магдебург, а пет помалку од Сандхаузен кој е на сигурната 15-та позиција. Ривалот е без мотив и единицата е реална.

САНДХАУЗЕН – БИЛЕФЕЛД

Сандхаузен е во најдобра форма во лигата. Домашните се во серија од осум кола без пораз, а во таа серија не добија само два натпревари и им недостасува само бод за да обезбедат опстанок. Иако и гостите играат добро, ви препорачуваме кец и 3+.

УНИОН БЕРЛИН – МАГДЕБУРГ

Берлинците се една од трите екипи кои имаат добри шанси за промоција во Бундес лигата, но како да се исплашија од можноста да се дружат со „големите момци“. Гостите се борат да избегаат од дното, но квалитетот на Унион исклучува се освен единица.

ТУРЦИЈА 1

БАШАКШЕХИР – АНКАРАГУЏУ

Во наредното коло се игра дербито на сезоната во кое Башакшехир му гостува на Галата – значи, на домаќинот му е потребен прекин на низата од четири меча без победа. Анкарагуџу зема само бод во дуелите со екипите од водечката четворка. Ова е кец со 2-4 гола.

БЕШИКТАШ – АЛАЊА

Бешикташ испадна од борбата за титулата, но ако слави на преостанатите три меча со малку среќа може во квалификациите за ЛШ. Алања е високо позиционирана, но нема квалитет за да се закани. Единицата комбинирајте ја со 2+.

ШПАНИЈА 1

БАРСЕЛОНА – ХЕТАФЕ

Хетафе смета на незаинтересираноста на Барселона, а бод би му бил „полна капа“. Барса во вторникот испадна од Лигата на шампионите, па ќе биде интересно да се види во каква состојба е. Играјте ефикасна единица.

БИЛБАО – СЕЛТА

Фудбалерите на Селта се кренаа во вистински час, а минатонеделниот триумф над резервистите на Барселона им ја зацврсти самодовербата. Но, Билбао ја мерка Лигата на Европа и традиционално добро поминува против небесносините, па кецот е прв, а 1Х&2+ вториот знак.

СОСИЕДАД – РЕАЛ МАДРИД

Сосиедад на почетокот на годината славеше на „Сантијаго Бернабеу“ и во нормални околности Реал би бркал одмазда, но сега сите во „кралскиот клуб“ едвај чекаат крај на сезоната и да почнат со консолидација на редовите. Кецот не е невозможен, но можеби ГГ е посигурна опција.

ВАЛЕНСИЈА – АЛАВЕС

Без разлика дали Валенсија помина во финалето на ЛЕ или не, кецот на „Местаља“ е зацртан: Алавес се задоволи со средината на табелата, а „лилјаците“ со крајни напори се обидуваат да го фатат четвртото место на табелата кое го држи Хетафе. Размислете и за КМБ 1&2-4.

ПОРТУГАЛИЈА 1

НАСИОНАЛ – ПОРТО

Порто се надева на кикс на Бенфика, но истовремено мора да си ја заврши својата задача. А Насионал не е ривал кој може да им парира на „змејовите“, а иако ќе биде мотивиран тоа нема многу да му помогне. Двојка со 2+ е сосема доволно.

РИО АВЕ – БЕНФИКА

Рио Аве пред две кола и направи услуга на Бенфика, но „орлите“ мора да внимаваат да не се лизнат тука како Порто. Меѓутоа, од екипата која во претходните седум кола постигна 28 голови не се очекува ништо друго освен убедлив триумф.

ФРАНЦИЈА 1

ЛИЛ – БОРДО

Меѓу Лил и ЛШ е само една победа. Бордо му се „намести“ во време на длабока криза, оличена со четири едноподруго порази па домаќинот нема да ја пропушти шансата иако традицијата не му оди во прилог. Кецот комбинирајте го со 2-3.