Работнички со 2:0 славеше над Македонија ЃП, во исклучително значаен меч и за двете екипи. Сега „романтичарите“ имаат се во свои раце, без разлика дали станува збор за опстанокот или битката за Европа. Македонија ЃП загуби попладнево на Арената, лавовите“ не беа на своето ниво, но тие се надеваат дека до крајот ќе освојат шест бодови и така ќе се спасат.