Нашиот репрезентативец Војдан Стојановски постигна 8 поени во новиот пораз на неговиот тим Олденбург во германската ББЛ лига. Во последното коло од регуларниот дел од сезоната, Стојановски со Олденбург гостуваа кај екипата на Крајлсхајм и беа поразени со 99:87.

Нашиот кошаркар одигра близу 29 минути за својата екипа и имаше реализација од 4 од 4 за два поени. Имаше и два обиди да постигне тројка, но безуспешно. Стојановски и Олденбург сега ги очекува плеј-офот во кој во првата рунда се среќаваат со екипата на Бон.