Поранешниот тренер на Индијана и на Орландо, Френк Вогел седнува на клупата на Л.А. Лејкерс, само еден месец откако „езерџиите“ ја прекинаа соработката со Лук Валтон. Негов асистент ќе биде Џејсон Кид.

Вогел, кој една сезона беше без ангажман ќе има задача да ја прекине серијата од шест години отсуство на Л.А. Лејкерс од плеј-офот.