До крајот на тековната 2018/2019 сезона, остануваат уште само три кола, неколу дилеми се разрешени, но остануваат уште некои. А тие се која екипа ќе заврши како четврта и ќе има шанса да игра во Европа во зависност од исходот на финалето во Купот, а останатите дилеми се која екипа ќе биде осма и ќе игра бараж, а која деветта и ќе испадне.

ИНТЕРЕСНО КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА…

Како никогаш досега битката за опстанок е супер интересна. И четвртиот Шкупи може многу лесно да се случи место во Европа, да испадне во Втората лига. Овој клуб со 43 бодови е во пол – позиција, имено денеска игра со Беласица, ова е мечот на сезоната и ако победи тогаш се е ќе биде јасно, чаирчани се спасуваат а ја туркаат Беласица во Втората лига. Покрај со Беласица екипата на Шкупи до крајот игра и со Ренова и со Работнички. Ренова е петта, има бод помалку од чаирчани, денеска се среќава со А. Пандев дома, потоа гостува на Чаир за да во последното коло игра со Шкендија. Македонија ЃП иако е шеста со 41 бод, има добри шанси да игра и во Европа. Прво преку Купот со оглед на тоа дека игра во финалето, а потоа може да биде и четврта, па ако загуби во финалето сепак избори излез во Европа. Денеска игра со Работнички, а во последните две кола се среќава со Силекс и со Победа. Има најдобар распоред од сите.

НА РАБОТНИЧКИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ СЕДУМ БОДОВИ!!!

Работнички имаше најмалку среќа во досегашниот дел од сезоната. Се што беше како резултат, се одеше на штета на клубот од Градски парк. Но за тоа и самите „романтичари“ си се виновни. Посебно оној трагичен пораз од Победа дома, па примениот гол во последните секунди од Шкендија. Со тие четири бодови сега Работнички ќе правеше европски планови а вака стравува за опстанокот. Ако сака самиот да се спаси, тогаш на средбите со Македонија ЃП, Беласица и Шкупи мора да освои седум бодови, најмалку.

БЕЛАСИЦА ВО СУПЕР СЕРИЈА…

Силекс и Беласица се во најтешка ситуација, кратовци имаат 38 а Беласица 37 бодови. Една од овие две екипи веројатно ќе испадне или ќе игра бараж, тука нема дилеми, само прашање е која. Беласица е во супер серија, има четири победи и едно реми на последните пет меча, има убедливо најдобар скор во овој период во цела лига. И кога сме кај овие две екипи, да кажеме дека во последното коло тие се среќаваат меѓусебе во Кратово.

ТАБЕЛА

4.ШКУПИ 43

5.РЕНОВА 42

6.МАКЕДОНИЈА ЃП 41

7.РАБОТНИЧКИ 40

8.СИЛЕКС 38

9. БЕЛАСИЦА 37

КОЈ СО КОГО ДО КРАЈОТ:

34.КОЛО

РЕНОВА – А.ПАНДЕВ

СИЛЕКС – ВАРДАР

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ШКУПИ – БЕЛАСИЦА

35.КОЛО

ШКУПИ – РЕНОВА

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

36.КОЛО

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП

СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ