Одбојкарите на Шутова се првите финалисти во машка конкуренција, откако со 3:0 (25:21, 25:23, 25:22) го совладаа Универзитет во Тетово и со тоа пред својата публика без проблеми го затворија полуфиналето од „плеј-офот“ во најсилното одбојкарско друштво.

Шутова сега мирно ќе ја чека разврската од дуелот меѓу Вардар и Џио Струмица, со оглед на тоа дека „црвено-црните“ синоќа на свој терен одиграа одличен натпревар во кој славеа со 3:0 (25:21, 25:15, 25:21) и се изборија за „мајсторка“.

Вториот патник во финалето ќе биде дефиниран во вторник, во Струмица, за кога е закажан третиот, решавачки меч.

Во женска конкуренција, пак, во финалето ќе гледаме пресметка на два скопски клуба, Работнички Жени и Работнички Скопје. Работнички Скопје имаше малку потешка задача, но успеја со пресврт да го победи Наковски Волеј и во реваншот, со 3:2 (25:22, 26:28, 17:25, 25:21, 15:12) и да се најде во битката за титулата. Работнички Жени, пак, го елиминираа актуелниот шампион Јанта Волеј со максимален резултат (25:21, 25:14, 25:12) и го отвори патот кон титулата.

Финалната серија во женска конкуренција стартува в петок, а домаќин на првиот меч е Работнички Скопје.