Новак Ѓоковиќ ја освои и 74. своја титула во кариерата, откако денеска во финалето на АТП Мастерсот во Мадрид од серијата 1000 славеше над грчкиот тенисер, Стефанос Циципас со 2:0 во сетови. По еден час и 30 минути борба на земјените терени во Мадрид, Ѓоковиќ славеше со 6:3 и 6:4 и со тоа успеа да дојде до својата 33. круна на Мастерс турнирите, а трета за него во шпанската престолнина.

Со оваа победа, српскиот тенисер значинително го порави својот учинок на овој турнир, со оглед на тоа што минатата година испадна во 2. коло по поразот од Британецот Едмунд.