Арјен Робен по долги години после оваа сезона го напушта тимот на Баерн Минхен. Левокрилниот фудбалер на „Баварците“ стана „икона“ на тимот со освоени многу титули, а ја донесе и онаа во Лигата на шампионите во 2013 година.

Меѓутоа Баерн веќе ја бара замената за Холанѓанецот, и ја најде во Италија, во редовите на Фиорентина. Се шпекулира дека Федерико Киеза ќе стане „баварец“ за сума од 60 милиони евра.