Не е тајна дека речиси секој преоден рок некој фудбалер од Србија прави добар трансфер во голем клуб. И додека се шпекулира заминувањето на Лука Јовиќ  во Реал Мадрид, од Србија стигнува сензационална вест дека Борусија Дортмунд ќе купува од првенството на нашиот северен сосед.

И ако мислите дека тоа ќе биде некој фудбалер на Црвена Звезда или на Партизан, се лажете. Станува збор за играч на Чукарички.

Наводно „Милионерите“ биле заинтересирани за фудбалерот на овој тим Самуел Овусу. Тој игра на крилната позиција, а за него бил заинтересиран и тимот на Базел.