Македонскиот првак Вардар трета сезона во низа ќе го гледаме на фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите, кој годинава на 1 и 2 јуни ќе се одржи во „Ланксес“ арената во Келн.

За „црвено-црните“ момци ниту локацијата, ниту атмосферата не се непознати, напротив „Ланксес“ за нив носи и тоа какви историски спомени, кои сега одново ќе може да ги преживеат.

На три недели до Ф4 турнирот ЕХФ ТВ ги поздрави најдобрите четири екипи во Европа и им посака „Добредојде во Келн“. Видеото за Вардар може да го видите ТУКА.