Работнички дојде до важна победа дома со Македонија ЃП (2-0), а трите бода им овозможуваат да мислат одново на четвртото место кое можеби ќе донесе и излез во Европа. Истовремено, полесно се дише со оглед дека опстанокот во најсилната лига е речиси осигуран.

„Полесно се дише. По подолга пауза остваривме победа, многу значајна за Работнички и позицијата на табелата. Речиси ги разрешивме дилемите околу опстанокот, а пред последните две кола сега повторно размислуваме и за тоа четврто место, кое можеби ќе води и во Лигата на УЕФА. Доколку успееме да славиме и на двата последни меча можеби ќе испадне и одлично за Работнички“, изјави за клупскиот сајт, капитенот Баже Илијоски.

Во следното 35.коло, Работнички ќе и гостува на Беласица во Струмица.