Екипата на Интер го продолжува походот по место во Лигата на шампионите откако вечерва на „Џузепе Меаца“ во последниот меч од 36. коло славеа победа со 2:0 против „фенерџијата“ Киево, инаку иден второлигаш. Неочекувано момците на Лучано Спалети имаа многу проблеми со цврстата екипа од Верона, а го скршија нејзиниот отпор во 39. минута кога Матео Политано го погоди голот. Во 76 минута гостите останаа без Ригони кој доби црвен картон, а Иван Перишиќ го 86. минута го реализира вториот гол на Интер и ја потврди победата.

„Нероаѕурите“ имаа тотална доминација на теренот, 17 шутеви на голот и дури 17 изведени корнери наспроти нула на „летечките магариња“.

Како и да е Интер ги запиша злато вредните бодови со кои се врати на третото место на табелата со 66 бодови, еден повеќе од четвртата Аталанта и четири повеќе од дуото Милан – Рома на петтото односно шестото место.

ТАБЕЛАТА НА СЕРИЈА А ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Киево е омилената жртва на Иван Перишиќ. Хрватот даде седум голови на исто толку дуели со тимот од Верона.

А на Интер му оди на понеделничките натпревари, а трите досегашни има исто толку победи.

Исто така Интер ја продолжи серијата без пораз од Киево на домашен терен на 16 натпревари.