Откако и официјално Шкендија ја освои титулата, јасно беше дека стратегот Ќатип Османи на последните мечеви ќе комбинира со составот. Но ретко кој помислуваше дека на дуелот со Победа, што се одигра вчера, дури 90% од тимот ќе биде од младинскиот погон. И Шкендија не само што победи и со овој тим, туку просто ја декласира Победа и тоа со 4:1, а според шансите резултатот секако дека требаше да биде повисок. Погледнете само кој, покрај Тодоровски, Чешмеџиев, Бојку а во вториот дел и Радески, играа за Шкендија: Илјази (20 г), Беќири (23), Бериша (19), Љума (18), А. Реџепи (18), Садриу (18), Б. Реџепи (19), Мерџани (23), Шефити (21), Зејнулаи (20).

Да потсетиме дека головите за Шкендија ги постигнаа Шефити два, потоа Зејнулаи а Бериша, кој зимава дојде од Вардар, го постигна својот деби гол за првиот тим на тетовци на еден официјален меч.