Торонто ја победи Филаделфија, 92:90 во последниот, седми, одлучувачки натпревар од полуфиналната серија на Истокот. Погодокот на Кавај Ленард во последната секунда од мечот донесе делириум на клупата на Репторс и солзи за Филаделфија.

Во интересна и напната „мајсторка“, во која ниту еден тим не создаде посериозна предност, се се решаваше во последната четвртина. Во неа Торонто предводен од Ленард одигра одлична одбрана, но токму тој беше играчот кој од линијата за слободни фрлања пропушти на својот тим да му донесе предност од три поени. Тоа го искористи Џими Батлер за изедначување (90:90) на четири секунди до крајот на натпреварот. Кавај ја превзема одговорноста во последниот напад и погоди во последната секунда, за голема радост на Торонто. Тој натпреварот го заврши со 41 поен, следен од Ибака со 17 поени и Сијакам со 11 поени. Во редовите на Филаделфија Ембид постигна 21, Редик 17, а Батлер имаше 16 поени.

Противник на Торонто во финалето на Источната конференција е Милвоки.

Портланд, пак, по 19 години пауза ќе игра во финалето на Западот, кое го обезбеди со победа во „мајсторката“ против Денвер, 100:96. Денвер можеби е тимот кој во регуларниот дел од сезоната имаше најдобар учинок на домашен терен, но тоа не беше случај во решавачкиот меч во полуфиналната серија. Иако домашните имаа постојано водство до последните десет минути од средбата грешките во одбраната на Денвер и расположениот Си Џеј Мекалум во нападот на Портланд ја направија разликата. Гостите намалија на 96:95, а потоа преу Тарнер дојдоа и до победа која ги однесе во финалето.

Мекалум имаше свое шоу со 37 поени, превземајќи ја одговорноста на Лилард, кој и покрај проблемите постигна дабл-дабл (13 поени, 10 скока). Во редовите на Денвер, Никола Јокиќ постигна 29 поени и 13 скока, додека Гери Херис имаше 15 поени.

Портланд во финалето ќе се соочи со актуелниот првак Голден Стејт.

РЕЗУЛТАТИ

Торонто – Филаделфија       92:90 (4-3)

Денвер – Портланд   96:100 (3-4)