На 15 мај, односно во среда, истекува едномесечната суспензија на тренерот на „гипсарите“ Никола Илиевски – Џиџи. Да потсетиме дека тој беше казнет од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ поради недолично однесување на мечот со Работнички, меч кој беше одигран во Тетово минатиот месец, кој „гипсарите“ го загубија.

Ова значи дека еден од нашите најпознати и најдобри стратези ќе може да ја води екипата на Ренова токму кога е најпотребно, на средбите со Шкупи и Шкендија, во двете последни кола сезонава. Инаку без Џиџи на клупата, тимот од Џепчиште одигра шест средби, победи на две, еднаш ремизираше и трипати загуби.