Француската репрезентативка Амандин Лејно е единствената екс-вардарова ракометарка која и по шестти пат се врати на Ф4 во Будимпешта во Лигата на шампионите, но овојпат како играч на Ѓер успеја да го крене пехарот во најсилното европско клупско натпреварување.

Голманката блескаше на фајнл-форот и она што не успеја да го направи во петте сезони во „црвено-црниот“ дрес, го стори од прва со Ѓер, седна на кровот на Европа.

Лејно беше една од најзаслужните за продолжувањето на доминацијата на Ѓер во елитното клупско друштво, а потврдата стигна и од ЕХФ ТВ, па така Французинката е единствената со две одбрани во топ-5 листата за финалниот викенд. Видеото со интервенциите може да го видите ТУКА.

Со оглед на тоа дека Ф4 во Будимпешта за нас сезонава (без ЖРК Вардар) нема скоро никакво значење, само ќе потсетиме дека унгарскиот првак Ѓер ја продолжи доминацијата и дојде до петтиот елитен трофеј.