Иако до крајот на сезоната во сите шест региони има уште по неколку кола до крајот, со оглед на бодовната предност или разлика, три екипи веќе себе си се промовираа во шампиони и патници за Втората лига. Тоа се екипата на Кадино од Северниот регион, која следната сезона ќе се натпреварува во Втората Лига – Запад.

Потоа тука е Охрид Лихнидос, тим кој е првак на Југозападниот регион и следната сезона исто ќе игра во Втората Лига – Запад. Третиот тим кој натпреварувачки се пласира во Втората Лига, и тоа Исток, е Дојранско Езеро, кој пак е шампион во Јужниот регион. Од ова произлегува дека се уште чекаме да ги дознаеме прваците на Централниот регион, Западниот и Источниот регион.