Селекцијата на Македонија до 15 години, деновиве ќе учествува на турнирот „Трофеј на Фудбалскиот Сојуз на Црна Гора“. Утре се среќаваме со соодветната селекција Србија, потоа во среда играме со Црна Гора, а на 17 мај против БиХ.

Селекторот Тони Јакимовски смета на следните играчи: Давид Стојановиќ, Самоил Талевски, Симеон Здравковски, Зоран Фидановски, Стефан Тодороски, Марио Аџиев, Коста Стојоски, Дамјан Цикарски, Арбин Курти, Азис Јамини, Никола Талески, Мартин Ѓоргиевски, Мухамед Елмаз, Кире Стојанов, Христијан Јовановиќ, Матеј Јаневски, Марко Стилиевски, Хадис Тахири, Амир Нухиу.