Вчера на Чаир на мечот од екстремно значење за Шкупи и Беласица, навистина имаше што да се види. Четири голови, супер погодок на гостинскиот стопер Маслаќ, домашните двапати водеа, струмичани двашати израмнуваа. Меч на задоволство на публиката, меч кој ретко се гледа во нашата ПМФЛ. На крајот реми, исход од кој и двете екипи секако дека не се задоволни…