Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло, е еден од оние поранешни имиња на клубот кои веруваат дека на „Старата Дама“ и се потребни промени во средниот ред, ако сака следната сезона да има тим за освојување на Лигата на шампиони.

„Јуве мора да размисли да го доведе Иско. Играта во офанзивниот ред за врска мора да се засили. Можеби тренерот Масимилиано Алеги веќе го почувствувал тоа. Кристијано Роналдо дојде, но тренерот не знаеше како да обезбеди доволно топки за него. За успех во ЛШ ви треба играч од средниот ред од калибарот на Иско“, изјавил Пирло.

Пирло исто такане крие дека е фан на тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, за кого смета дека е профил на тренер кој може да го поведе Јувентус кон европскиот трон.

„Тој е модерен стратег кој долго време работи во Европа. Под модерен не станува збор само за стилот на неговиот тим, туку за сè“, потенцира Пирло.