Според СПОРТМЕДИА, младиот играч за врска на Работнички Кристијан Ацковски е играчот на 34. коло. Не само што постигна гол на скопската пресметка со Македонија ЃП, на која неговиот тим освои големи три бода, туку едноставно блескаше и го искажа сиот свој талент. Покрај него од Работнички во тимот на колото се и Јанков, Стојчевски и Блажевски, од Силекс во тимот на колото се Благојевиќ и Б, Георгиев, потоа од А. Пандев десниот бек Атанасковски, од Беласица стрелците на двата гола на Чаир Маслаќ и П. Георгиев, а од Шкендија двојниот стрелец Шефити и на крај од Шкупи капитенот Бајрами.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

КРИСТИЈАН АЦКОВСКИ

Тим: Работнички

Роден: 15.02.1998

Кариера: Работнички, Борец, Работнички