Франко Фода, селекторот на автрискиот национален тим се соочува со проблеми со играчи од средниот ред. Токму од тука Фода размислува дали да преговара со искусниот Златко Јунузовиќ, сегашен член на Салцбург, да се обиде да го врати во националниот тим.

Јунузовиќ во 2017 година објави репрезентативна пауза. Но како што најави Фода, можно е да разговара со него за враќање, со оглед дека нема да ги има на располагање неколку играчи, меѓу кои Алесандро Шепф, Себастијан Предл а нема да може да смета ниту на искусниот Марк Јанко.

Македонија против Австрија игра на 10. јуни на Националната Арена „Тоше Проески“ во Скопје.