Покрај титулата во Ла Лига која каталонскиот тим ја освои, челниците очекуваа Барселона да го подигне пехарот во Лигата на шампиони, особено по првиот полуфинален дуел против Ливерпул и оние 3-0 на домашен терен.

Но, на реваншот „црвените“ приредија вистинса сензација славеа со 4-0 и се пласираа во финалето, а Барселона две години по ред прокоцка голема предност да се најде во завршницата.

Каталонскиот тим има уште еднаш шанса да освои барем уште еден трофеј во финалето на Купот на Кралот против Валенсија, дуел кој се игра на 25. овој месец.

Како што пренесуваат шпанските медиуми токму овој дуел ќе ја одлучи судбината на Валверде во Барселона. Доколку успее да го освои трофејот, првите луѓе ќе му дадат шанса и во следната сезона, во спротивно ќе мора да се спакува.