Де Лигт имаше сезона со соништата, со Ајакс играше полуфинале во Лигата на шампионите, го освои Купот и се наоѓа на чекот до титулата во Холандија.

Вчера дел од медиумите објавија дека Ливерпул испратил многу подобра понуда од Барселона, но „Марка“ тврди дека стоперот е на чекор до каталонскиот тим.

Челниците на клубот му ветиле добра минутажа (еден од главните услови за да потпише договор), каде повторно ќе соработува со својот пријател и соиграч, Де Јонг, кој претходно потпиша за Барселона.

Ајакс е подготвен да го пушти својот фудбалер, останува само да се договорат деталите, засега нема никакви пречки во преговорите, осовен суспензијата на Мино Риола, кој е во лоши односи со шпанскиот тим и во моментов заработи суспензија од три месеци.